Политика на приватност

Што се тоа лични информации?


При регистрирањето кај нас и давањето на вашите лични информации, вие јасно давате согласност Синоттип (Synottip) да ги обработи и обелодени вашите лични информации за цели, и на начин, образложени на оваа страна, а во согласност со нашите спогодби и услови.


Лична информација е било која информација во врска со вас, која ве идентификува вас, или според која вашиот идентитет може да биде определен.

 

Како личните информации се прибираат и се користат?


Синоттип (Synottip) прибира само лични информации кои се неопходни за нашите функции или активности. Видот на лични информации кои се прибираат од вас вклучуваат име, адреса, дата на раѓање, личен код, род, мобилен телефон, електронска пошта, детали за трансакции на игра на среќа и/или други информации неопходни за работа.


Личните информации може да се достават на нашата веб страна. Ќе биде побарано од вас да ги доставите вашите лични информации во оваа област заради регистрација во Синоттип (Synottip) и отварање сметка кај нас.

Синоттип (Synottip) ќе ги обработи вашите лични информации за да ја управува вашата сметка, за да ги одржува нашите сметки и евиденции, да го надгледува нивото на користење на нашата веб страна и квалитетот на услугата која ние ја обезбедуваме и за одвреме навреме да ве информираме за производи и услуги кои мислиме даке вас можеби ве интересираат. Синоттип (Synottip), исто така, може да ги задржи овие информации и може да ги анализира, ако е побарано тоа, во случај на истражување на некоја актуелна или осомничена криминална активност, или, за некој настан оформен на нашата веб страна, за некоја закана по интегритетот на тој настан и/или прекршок на правилата на тој настан, поставени од соодветните управни тела.


Употреба на колачиња


,,Колачето” се употребува за да се идентификува посакуваниот јазик на корисникот на сметката, така што тој јазик автоматски ќе се селектира кога корисникот ќе се навраќа на Синоттип (Synottip). Нашиот веб сервер ќе ги евидентира страните кои ги посетувате на нашата веб страна.

 

 

Заштита на деца

Синоттип (Synottip) не дозволува деца под возраста на полнолетство (малолетни) да учествуваат во натпревари или да користат сметки со вистински пари. Во случај на регистрација, ако подоцна добиеме известување дека некој член доставил неточна дата на раѓање и е со возраст под дозволената, возраст на полнолетство, ние веднаш ќе ја затвориме таа сметка и ќе ги избришеме доставените лични информации.

 

 

Обелоденување/откривање на информации

 

Каде што е можно, ние ќе ви дадеме можност да го одбиете барањето за доставување лични информации, но во некои случаи, користењето на нашата веб страна може да се ограничи/забрани, ако не ги доставите потребните информации.


Синоттип (Synottip), исто така, може да ги обелодени вашите информации во одредени околности. Понекогаш од нас се бара или пак сме овластени со закон да ги обелодениме вашите лични информации. На пример, Синоттип (Synottip) обелоденува лични информации кога е наредено да се направи така од страна на владини авторитети и/или при одлука во согласност со македонскиот закон. Покрај тоа, Синоттип (Synottip) го резервира/задржува правото да ги обелодени личните податоци на релевантни приматели/корисници кога Синоттип (Synottip) се сомнева дека постојат неправилности во кои е вклучена Синоттип (Synottip) сметка.


Ние, исто така, може да го обелодениме вашите лични информации таму каде за тоа имате дадено согласност. Ако сте се регистрирале преку агент или филијала/подружник вие исто така сте одобриле дека личните информации може да се споделат со партнерот/подружникот. Вашата согласност за обелоденување на вашите лични податоци може да биде дадена експлицитно во писмена форма или усна, или може индиректно да се подразбира од вашето однесување, како на пример кога јавно во медиумите дискутирате за детали од односот што го имате со нас.

 


Ажурирање на принципите за приватност

 

 

Синоттип (Synottip) го задржува правото да го промени ова соопштение за приватност во било кое време. Промените ќе се применуваат веднаш по објавата.

СЕУШТЕ НЕ СТЕ ЧЛЕН?

Има многу причини зошто да се приклучите на СинотТип денес.
Ние сме овластени, доверливи и безбедни.
Нашите регистрирани играчи добиваат многу придобивки.
Бесконечна забава и возбудлива акција.

Корисничка поддршка

Нашиот персонал е спремен да Ви помогне.
support@synottip.mk